Претседателот Стево Пендаровски, на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари средби со Бернар Емие, директор на француската генерална дирекција за надворешна безбедност, ДГСЕ, и со Бруно Кал, директор на германската разузнавачка агенција БНД.
Како што сооопштија од Кабинетот на претседателот Пендаровски, соговорниците за време на средбите размениле мислења и информации за актуелните политичко-безбедносни состојби и предизвици поврзани со настаните во поширокиот регион.
„На средбите претседателот Пендаровски оцени дека комуникацијата и соработката помеѓу безбедносните агенции се важни, особено меѓу членките на НАТО Алијансата, во рамки на која се водат разговори и консултации за справување со заедничките безбедносни предизвици“,
соопштија од Кабинетот на Претседателот.