По направена безбедносна проценка, на доскорешниот министер за здравство, Венко Филипче, му е продолжено личното обезбедување за уште шест месеци, иако повеќе не е на функција. Филипче во изјава за „Фокус“, ги демантира информациите за наводни смртни закани, кои проструија во јавноста.
„Не е вистина дека сум имал закани по живот, ниту дека сум барал обезбедување и возач. Обезбедувањето ми е продолжено според проценка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на уште шест месеци“,
изјавил Филипче за „Фокус“.
По четири години министерски стаж, од кој половина помина во знак на справување со ковид-кризата, истакнатиот неврохирург Венко Филипче ѝ се врати на професијата, а неговото министерско место го презеде стоматологот Беким Сали од Алтернатива.
