„Врз основа на добиените согласности, направени се план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник“, информираат од Министерството за здравство
Скринингот во училиштата е веќе отпочнат, а завршена е првата фаза во однос на добивање и обработка на согласностите од родителите, информираат од Министерството за здравство. Досега, како што информираат оттаму, добиени се околу 5 000 согласности за тестирање од родители на деца во основните училишта во Скопје.
„Врз основа на добиените согласности, направени се план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник“,
информираат од Министерството.
Во рамки на првата фаза од скринингот ќе бидат опфатени училиштата на територија на град Скопје, а во процесот ќе бидат вклучени медицински екипи од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Скопје.
Како што додаваат од МЗ, сите активности за спроведување на скринингот се одвиваат во постојана координација со Министерството за образование и наука (МОН).