Откако вчера излезе информацијата за Ејупи, од Владата досега не потврдиja дали таа како предлог поминала на затворена владина седница во вторникот вечерта
Дали ТВ-презентерката Бесмира Ејупи се квалификувала за конзул во затоа што прочитала неколку вести од рубриката „Свет“, реагира ВМРО-ДПМНЕ по вчерашната информација дека 28-годишната презентерка ќе биде генерален конзул на Северна Македонија во Њујорк.
Од опозициската партија реагираат и на именувањето конзул за Чикаго.
„СДСМ и ДУИ ја срамат Македонија на секој чекор. Именувањето на конзули во Њујорк и Чикаго е уште една потврда за тоа. Кога јавноста помисли дека од патлиџан дипломатија не може подолу, власта демантира, па на клучни позиции испраќа ТВ-водителка и син на еден аналитичар, без никакво дипломатско искуство. Именувањето на Бесмира Ејупи за конзул во Њујорк и Петри Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу, за конзул во Чикаго е скандалозно. Според кои критериуми овие лица добиле толку важни дипломатски позиции во САД?“,
реагираат од ВМРО-ДПМНЕ и прашуваат дали ова се „тешкашите“ во дипломатијата кои ги најавуваше власта.
Откако вчера излезе информацијата за Ејупи, од Владата не потврдиja дали таа како предлог поминала на затворена владина седница во вторникот вечерта.
Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, на вчерашната прес-конференција даде идентичен одговор на две новинарски прашања во врска со тоа дали има одлука за Ејупи и дали при испраќањето наши претставници во ДКП се внимава дали тие ги исполнуваат квалификациите за позициите на кои се назначуваат.
„На отворената владина седница немаше точка со ова кадровско решение“,
рече Арсовски.
„360 степени“ испрати и прашања до МНР дали ја предложиле Ејупи за генерален конзул во Њујорк и дали евентуално има нови предлози за амбасадори, со оглед на најавите дека ќе се интензивира пополнувањето на дипломатските места, но до овој момент не добивме одговор.