Со авионот пристигнаа македонска и бугарска делегација, предводени од министерот Бочварски и неговиот бугарски колега Сабев, како и туроператори од двете држави
Авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“ слет утрово во 9:40 часот на Меѓународниот аеродром „Скопје“, со што се реализира првиот директен лет меѓу главните градови на Северна Македонија и на Бугарија.
Со авионот во Скопје пристигнаа македонска и бугарска делегација, предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и од неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и туроператори од двете држави.


Бочварски и Сабев вчера во Софија имаа состанок во рамки на Работната група за транспорт, енергетика и локална самоуправа меѓу Скопје и Софија. На состанокот, од македонска страна, присуствуваше и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
Активностите на Работната група за транспорт ќе продолжат денеска во Скопје, со состанок во Клубот на пратениците, на кој треба да се разгледаат можностите и да се дефинирани деталите околу идното сообраќање на авиолинијата, која, според најавите, треба да биде редовна од следниот месец. Воедно, треба да се утврдат и туристички пакети што ќе помогнат да се зголеми бројот на меѓусебните посети на туристи од двете држави. За исходот е од средбата се најавени изјави за медиумите во Клубот на пратеници.