Во моментов во Европа се зголемува неизвесниоста во однос на испораките на гас во случај Русија да ја нападне Украина, а потоа да престане да испорачува гас како одмазда кон европските и американските санкции кои и се закануваат во случај на инвазија кон Украина
Според податоците на Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на Европската унија (АЦЕР), Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Молдавија се најзависни од рускиот гас меѓу сите европски земји.
Северна Македонија е 100-процентно зависна од рускиот гас, велат податоците на АЦЕР.
„Гасното поврзување со рускиот гас во Северна Македонија е преку Бугарија. Северна Македонија планира наскоро да изгради интерконектор за гас со Грција, проект со стратегиско значење за земјата што ќе ја подобри енергетската сигурност и ќе овозможи диверзификација на гасното снабдување“,
соопштија од АЦЕР.
Во однос на земјите од регионот, зависноста на Србија од рускиот гас е 89 отсто, на Бугарија 77 отсто, Словенија 51 отсто. Најзависна од рускиот гас од западноевропските земји, пак, е Финска со 94 отсто, а најмалку зависна Франција со 24 отсто.
Во моментов во Европа се зголемува неизвесниоста во однос на испораките на гас во случај Русија да ја нападне Украина, а потоа да престане да испорачува гас како одмазда кон европските и американските санкции кои и се закануваат во случај на инвазија кон Украина.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пак, вчера изјави дека САД и ЕУ работат на заштита на европските енергетски резерви од шокови што произлегуваат од украинската криза.