Меѓу прашањата што ги разгледува Комисијата се и методите и средствата што ги користат АНБ и АР од аспект на законитоста и почитувањето на правата на граѓанинот и други субјекти, материјалната, кадровската и техничката опременост на двете агенции…
Членовите на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) денеска ќе ја остварат првата надзорна посета во оваа година на просториите на Агенцијата за разузнавање.
Љупчо Пренџов, претседател на Комисијата, за МИА потврди дека се работи за редовна контрола во АР и информира дека во текот на вчерашниот ден членовите на Комисијата биле во посета и на АНБ.
Целта на Комисијата е да ги разгледува прашањата што се однесуваат за почитување на правата и слободите утврдени со Уставот и закони од страна на АНБ и АР на граѓаните и други правни лица, како и законитоста во спроведување на овластувањата на АНБ и АР од аспект на пречекорување на овластувањата, преземање неовластени постапки, злоупотреба и други негативности во работењето, спротивно на нивните права утврдени со закон.
Комисијата ги разгледува и методите и средствата што ги користат АНБ и АР од аспект на законитоста и почитувањето на правата на граѓанинот и други субјекти, материјалната, кадровската и техничката опременост на двете агенции, воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на ваквиот надзор и други прашања што се однесуваат на АНБ и на АР.