Само вчера на територија на град Скопје од страна на сообраќајната полиција изречени се 265 казни за сообраќајни прекршоци. За возење над дозволената брзина се казнети 44 возачи, 59 казни добиле возачите што не им дале предност на пешаците, а 16 мерки се изречени за возење без возачка дозвола.
Од вкупниот број казни напишани на територија на главниот град, 56 се за пешаци што не поминувале на пешачки премин.
Меѓу другото, изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, четири санкции за некористење сигурносен појас, шест за минување на црвено светло, пет мерки за непрописно престројување на возила, а 48 за непрописно паркирање.
На територија на државата, пак, во текот на вчерашниот ден казнети се 147 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.
Од нив, информираа денеска од МВР, осум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 70 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.