Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица, вели министерот за финансии
Министрите за финансии и економија, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, биле во едно од возилата што вечерва учествуваа во верижниот судир пред Владата. Сообраќјката се случила кога додека тие со службен автомобил се движеле кон владината зграда на состанок.

Информацијата на социјалните мрежи ја потврди министерот Бесими споделувајќи информација дека за среќа, нема потешко повредени.
„Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата. Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Дел од учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување“,
напиша Бесими на Фејсбук.