Во пожар кој избувнал вечерва во куќа во Тетово повредено е едно лице. Куќата се наоѓа во населбата Колтук, а огнот зафатил уште една куќа.
Како што јавува локалниот портал „Тетово инфо“ пожарот бил ставен под контрола од пожарникарите за околу еден час.
Повредениот соственик на една од куќите се здобил со изгореници и е пренесен во Клиничката болница во Тетово.
