Гласачите во изолација треба да гласаат од 18 до 19 часот, мора да носат маска и да држат дистанца, како и да го напуштат својот дом само за гласањето
Португалските гласачи заразени со коронавирус, како и оние кои се во изолација, ќе можат да ги напуштат своите домови за да гласаат на предвремените избори на 30 јануари, објави португалската влада.
Еден ден претходно, Португалија, каде што се вакцинирани речиси 90 отсто од нејзините 10 милиони жители, имаше рекордни 43 729 нови инфекции, поради ширењето на сојот омикрон на коронавирусот. Бројот на хоспитализирани и починати е значително помал отколку на врвовите на претходните бранови, пренесува МИА.
Министерот за внатрешни работи Франциско Ван Дунем рече дека гласачите во изолација треба да гласаат од 18 до 19 часот, апелирајќи да не доаѓаат први на гласање, бидејќи тоа е препорака. Овие гласачи мора да носат маска и да држат дистанца и можат да го напуштат својот дом само за да гласаат.
Граца Фреитас, шефица на јавното здравствено тело , рече дека нема да има специјално обележани избирачки места за лицата со ковид-19 и дека нема да се знае дали имаат ковид-19.
„Оваа одлука за одредување временски период за гласање нема целосно да спречи ширење на инфекцијата, ама ќе го минимизира ризикот“,
рече Фрејтас.

FOTO: EPA-EFE/TIAGO PETINGA