Дури 1 796 пациенти се во болница, од кои 204 се на респиратор
Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 10 427 нови случаи на заразени со коронавирус, а бројот на активни е 56 208, додека како последица на ковид починаа 45 лица.
Како што дознава Н1 во Загреб, потврдени се и 5 590 позитивни резултати од антигенски тестови, со што вкупниот број на новозаразени изнесува 16 017. Дури 1 796 пациенти се во болница, од кои 204 се на респиратор.
Досега со коронавирус се заразени вкупно 836 807 лица, од кои починале 13 257, а оздравени се вкупно 767 342, од кои 3 702 во последните 24 часа.
Во моментов има 31 730 лица во самоизолација.