Станува збор за проект подржан од МНР на Бугарија, преку оперативната Програма за развој, во кој компанијата „Скеил фокус” е партнер заедно со фондацијата “Метаморфозис “од Скопје
Бугарскиот премиер Кирил Петков на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски му ја предаде апликацијата „дДневник” која ќе им го олесни животот на болните од дијабетес во нашата земја. Софтверското решение „дДневник” го изготви компанијата „Скеил фокус”, која како најголема странска инвестиција од Бугарија во ИТ секторот, работи во нашата земја од 2019 година, соопштија од Владата.
Станува збор за проект подржан од Министерството за надворешни работи на Бугарија, преку оперативната Програма за развој, во кој компанијата „Скеил фокус” е партнер заедно со фондацијата “Метаморфозис “од Скопје.
Идејата за развој на вакваапликација е поддржана и прифатена и од македонското Министерство за здравство.
Корисниците на оваа апликација ќе имаат можност бесплатно да ја користат на македонски и на албански јазик и ќе биде достапна за корисниците од февруари годинава. За неколку месеци, оваа апликација ќе стане активна и на бугарски јазик во Република Бугарија, за тамошните пациенти. Оваа мобилна апликација е достапна на двете платформи за IOS и за Android.
Претседателот на Бордот на директори на „Скеил фокус“, Пламен Цеков, пред присутните порача дека апликацијата „дДневник“ овозможува пациентите да ги запишуваат измерените вредности за нивото на шеќер во крвта на нивните мобилни телефони, наместо на хартија. Апликацијата овозможува добиените анализи за одреден временски период, да бидат споделени со лекарите или други блиски членови од семејството, преку однапред дефинирани правила од страна на корисникот”.
Генералната менаџерка на компанијата за С Македонија, Софче Јовановска порача декае голема е професионалната сатисфакција на целиот тим на компанијата од креирањето на ваков тип апликација која ќе им го олесни животот на болните од дијабетес, а на лекарите ќе им овозможи полесен пристап до аналитички податоци за здравјето на пациентите.
Во Скопје компанијата почна да работи со 10 вработени, а денеска бројката надминува 130 луѓе. Бизнис планот на „Скеил фокус“ е да ги мотивира и задржи младите ИТ кадри да останат во земјата, се наведува во соопштение од Владата.