Австралија денеска се соочи со најсмртоносниот ден од почетокот на пандемијата со ковид-19 бидејќи ширењето на сојот омикрон продолжи да ги зголемува стапките на хоспитализација на рекордно ниво, и покрај падот на дневниот број на нови инфекции.
Во Австралија денеска се регистрирани вкупно 77 смртни случаи, што го надмина претходниот рекорд од 57 смртни случаи регистрирани минатиот четврток, покажаа официјалните податоци, пренесува Ројтерс.
„Денеска е многу тежок ден за нашата земја“,
рече премиерот на Нов Јужен, Велс Доминик Перо, на прес-конференцијата откако австралиската држава објави 36 смртни случаи, што е рекорд од почетокот на пандемијата.
Само четворица од починатите од ковид во Нов Јужен Велс примиле засилувачка доза од вакцината против ковид-19, поради што здравствените власти апелираат до граѓаните што поскоро да добијат дополнителна доза.