Повеќе од 4 200 лета до Соединетите Држави се откажани или одложени вчера, според „Flight Aware“, додека речиси 90 000 дома и деловни објекти меѓу Џорџија и Мејн немаат електрична енергија
Сообраќајот во Торонто, најголемиот канадски град, вчера беше отежнат бидејќи снежното невреме ја намали видливоста на речиси нула, ги затвори линиите на метрото и ги остави возачите заробени со часови на локалните автопати
Снежната бура, која се движи од источниот брег на САД кон Канада, ќе донесе повеќе од 60 сантиметри снег во некои области, а се очекува да предизвика и поголем сообраќаен метеж.
Повеќе од 4 200 лета до Соединетите Држави се откажани или одложени вчера, според „Flight Aware“, додека речиси 90 000 дома и деловни објекти меѓу Џорџија и Мејн немаат електрична енергија.
Сообраќајот во Торонто, најголемиот канадски град, вчера беше отежнат бидејќи снежното невреме ја намали видливоста на речиси нула, ги затвори линиите на метрото и ги остави возачите заробени со часови на локалните автопати.
Во тој регион денеска се предвидува да наврнат и до 60 сантиметри снег, а во сила е предупредување за екстремни временски услови.
Во соседен Квебек временските услови предизвикаа сообраќајни несреќи, вклучително и верижни судири на десетици возила, принудувајќи ги властите да затворат некои автопати, објави Канадската радиодифузна корпорација (CBC).
Во источниот дел на Соединетите Американски Држави, властите, исто така, ги повикаа граѓаните да не ги користат патишта покриени со снег.
Според Националната метеоролошка служба, речиси 70 сантиметри снег се забележани во американската сојузна држава Охајо, додека делови од државите Њујорк, Пенсилванија и Северна Каролина имаат снежната покривка од 50 сантиметри.
Во Атланта падна првиот снег по четири години, а некои региони во Северна Каролина регистрираа рекордни снежни врнежи.