Нов Зеланд испраќа помош до Тонга, но вулканскиот пепел на пистата на аеродромот во главниот град го спречува слетувањето на авионот со хуманитарна помош

Најмалку две лица загинаа по големата вулканска ерупција во саботата на островот Тонга, соопшти денеска владата на Нов Зеланд.
Ерупцијата предизвика атмосферски ударни бранови и цунами што стигна дури до Алјаска, Јапонија и Јужна Америка.
„Можеме да потврдиме дека полицијата на Тонга ги извести новозеландските власти за две загинати лица, помеѓу кои е и една државјанка на Велика Британија“,
соопшти тамошното Министерство за надворешни работи.
Нов Зеланд испраќа помош до Тонга, но вулканскиот пепел на пистата на аеродромот во главниот град го спречува слетувањето на авионот со хуманитарна помош.
Според тамошните информации, ќе бидат потребни неколку денови за воените бродови да пристигнат до островот, па поради тоа се зголемува стравот од евентуална хуманитарна криза. Тамошните медиуми пренесуваат и дека целосните штети допрва ќе треба да се утврдуваат.