Судот, пак, ја потврди задолжителната вакцинација за вработените во здравствените установи кои користат федерални средства
Врховниот суд на САД ја блокираше одлуката на претседателот Џозеф Бајден да воведе задолжителна вакцинација против коронавирус за компаниите со повеќе од 100 вработени.
Судот, пак, ја потврди задолжителната вакцинација за вработените во здравствените установи кои користат федерални средства.
По неколкумесечни обиди да ги убеди оние кои се двоумат да ја примат вакцината, Бајден во септември објави дека сака вакцинацијата да биде задолжителна за неколку категории вработени. Мерката веднаш беше осудена од републиканците и дел од економскиот свет, сметајќи дека е тоа е злоупотреба на положбата од страна на Бајден.
Администрацијата на Бајден нареди тие компании да се вакцинираат или да прават тестови на неделна основа, но на сопствен трошок. Судот изјави дека ова претставува „упад во приватниот живот и здравјето на голем дел од вработените“.
Во САД само 62 отсто од населението е целосно вакцинирано, бидејќи има големи политички поделби по тоа прашање.
Од почетокот на епидемијата на коронавирус, повеќе од 845 000 луѓе починале како последица од ковид.