Со ваква популарност тој е во релативно удобна позиција пред првиот круг од претседателските избори, иако се уште не е официјален кандидат
Францускиот претседател Емануел Макрон ужива популарност на 38 отсто од Французите три месеци пред првиот круг од претседателските избори, а неговата популарност е поголема од неговите претходници во истиот период, објави денеска париски Фигаро резултатите од новата анкета.
Иако Макрон неодамна предизвика контроверзии со изјавата дека ќе им го отежне животот на оние кои одбиваат да ја примат вакцината против коронавирус, неговата популарност не е намалена и со 38 проценти од популарноста тој е во релативно удобна позиција пред првиот круг од претседателските избори, иако се уште не е официјален кандидат.
Неговите претходници овој период не ја уживаа истата популарност, на околу три месеци пред изборите.
Социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд беше популарен кај само 19 отсто од Французите, додека десничарскиот претседател Никола Саркози имаше 29 отсто поддршка.
Претседателските избори во Франција ќе се одржат во два круга, на 10 и 24 април.