Во Франција повеќе од 300 000 луѓе секојдневно се заразуваат со коронавирус веќе неколку дена
Францускиот министер за здравство Оливие Веран е заразен со коронавирус, а позитивниот тест го добил денеска, соопшти неговата придружба.
Веран, кој прими три дози од вакцината, е во изолација и ќе продолжи да работи од приватните простории на Министерството каде што живее.
Министерот во средата бил на владина седница, а во вечерните часови бил известен дека бил во контакт со заразено лице и затоа го направил тестот.
Во Франција повеќе од 300 000 луѓе секојдневно се заразуваат со коронавирус веќе неколку дена.
Францускиот парламент на 6 јануари ги одобри најновите владини мерки за борба против ковид-19, вклучително и Законот за пропусници за ковид и работа од дома најмалку три пати неделно.
Премиерот Жан Кастекс најави дека наместо до 5 000 луѓе, отсега на собири во затворени простории ќе може да има најмногу 2 000 луѓе.
Ќе бидат забранети концерти, како и консумирање пијалоци и храна во кината, театрите, на спортските настани и во јавниот градски и меѓуградски превоз.
Носењето маска повторно е задолжително во центрите на големите градови. Мерките ќе траат три недели.