Рокот за пријавување на штетите од страна на граѓаните е до 26 јануари
Граѓаните кои претрпеа штети од земјотресот во Битола ќе добијат финансиска помош од Владата, при што рокот за пријавување на штети ќе биде до 26 јануари, изјави вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски на координативниот состанок во Општина Битола, кој се одржа во врска со состојбата од настанатите штети од земјотресот кој го погоди битолското подрачје, а на кој приуствуваа повеќе владини претставници.
„Владата изрази целосна подготвеност да што побрзо бидат санирани сите штети, особено во јавните институции кои се важни за сите граѓани, за да може клиничката болница, останатите здравствени установи, образовните институции и градинките да функционираат. Во оваа прилика ја изразуваме целокупната поддршка да овој процес и низ овие маки и проблеми коишто ги осетија битолчани да знаат дека институциите, општината, Владата сите заедно стојат на иста страна со граѓаните и дека сето ова ќе биде надоместено од страна на општината и Владата“,
изјави заменик-претседателот на Владата Николовски.

Согласно Законот за заштитита и спасување формирана е и Комисија за проценка на штетите, а министерот за локална самоуправа, Милевски истакна оти е планирано целиот процес за начинот на помош да биде поделен на два дела.
изјави министерот Милевски.
„Едниот дел е брза санација на јавните институции, бидејќи неопходно е болницата веднаш да се стави во функција, и независно што градинките и училиштата се под локално ниво сметаме дека ние треба целосно да го финансираме тоа реновирање и битно е Комисијата и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија да дадат што е можно побрзо проценка за да може брзо да се интервенира со финансиски средства од страна на ресорните министерства“,
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски го поздрави присуството на владината делегација и порача дека „се информиравме меѓусебно за активностите кои ги презеде општината и формирањето на Комисијата за проценка на штетите од земјотресот и Кризниот штаб кој заседаваше. Од страна на министрите, зедоа обврска дека ќе помогнат, се согласивме дека заеднички треба да се делува и дека ќе помогнат во делот на нивните ингеренции“.
Во рамки на посетата на Битола, владиниот тим ги посети и дел од локациите кадешто се предизвикани штети од земјотресот.