Тој, како што, објавија бугарските медиуми, Борисов на брифинг рекол дека сепак вистинската цел била друга – Радев да покаже дека всушност тој управува
Консултативниот совет за национална безбедност, свикан од претседателот на Бугарија, Румен Радев, за Северна Македонија, беше апсолутно непотребен бидејќи само го потврди она што стои Договорот за добрососедство уште од владата на ГЕРБ, смета поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов. Како што објавија бугарските медиуми, Борисов на брифинг рекол дека сепак вистинската цел била друга – Радев да покаже дека всушност тој управува.
„Зошто беше потребен овој Консултативен совет за национална безбедност? Сосема непотребно како одговорност, како државност, сосема непотребно како неопходност. Или со првата цел – да се покаже дека Претседателството е горниот дом на парламентот и Претседателството ги намалува задачите на партиите, парламентот и владата“,
рекол Борисов.
Според Борисов, ништо суштински ново не било формулирано на седницата на Консултативниот совет за национална безбедност, а што го нема во Договорот за добрососедство.