Украина и Западот стравуваат од потенцијална нова инвазија, осум години откако Русија го анектираше Крим

Кремљ денеска објави дека нема причини за оптимизам по првиот круг од разговорите со САД за украинската криза и барањата на Русија.
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, додаде дека сепак позитивно е што разговорите во понеделникот во Женева се одржани на отворен, содржаен и правилен начин. Тој вели дека Русија не поставува услови, но нема да биде задоволна со „бесконечно одолговлекување на овој процес“.
Русија распореди голем број на војници во близина на границата со Украина и бара НАТО сојузот предводен од САД да ја отфрли можноста за прифаќање на поранешната советска република во овој воен сојуз и да се престане да се шири кон исток.
Вашингтон рече дека не можат да бидат прифатени тие барања од Москва иако е подготвен да се посвети на други аспекти од руските предлози и да расправа за распоредување на проектилите или ограничувањето на воените вежби.
Песков рече дека состојбата ќе биде појасна по новите два круга разговори, кои Русија неделава ќе ги одржи со НАТО во Брисел.
Руските и американските преговарачи забележале дека нема намалување во нивните разлики на брифинзите за новинари по првиот круг од разговорите во Женева.
„За жал постојат големи разлики во нашите принципиелни пристапи кон ова прашање. САД и Русија на некој начин имаат спротивни погледи на она што трееба да се направи“,
изјави рускиот претставник, заменик министер џза надворешни работи Сергеј Рјабков, на конференцијата за медиумите во понеделникот.
Заменичката на американскиот државен секретар Венди Шерман пак истакна дека барањето на САД е едноставно, а тоа е тие да престанат да распоредуваат војници на границата со Украина.
Украина и Западот стравуваат од потенцијална нова инвазија, осум години откако Русија го анектираше Крим.
Рјабков го повтори ставот на Русија дека тие не планираат никаков напад на Украина.