Министерот Бектеши нагласи дека Скопје и општините имаат и законска обврска да помогнат на граѓаните за поскапувањето на парното

Не само што треба да најдат начин за снабдување, туку БЕГ има и обврска за тоа согласно Законот за енергетика. Носителите на лиценците не може да престанат да ја исполнуваат обврската за испорачување на јавна услуга, ова вечерва го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Топ тема“ на Телма, каде гостуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска..
Тој додаде дека доколку тие прекинат да снабдуваат топлинска енергија, без претходно информирање на Регулаторната комисија за енергетика дека имаат проблем, РКЕ има право и да им ја одземе лиценцата, откако претходно Арсовска изјави дека градот сега нема ингиренции во однос на енергетската криза, бидејќи на Градскиот енергетски систем му била одземена лиценцата.
„Согласно законот, тие се обврзани и да имаат количини за снабдување со топлинска енергија со алтернативно гориво во период од 15 дена“,
рече Бектеши.
Тој додаде дека проблемот со снабдувањето со топлинска енергија во делот на Скопје-Север, треба да биде решен преку Општината Чаир или други институции со интервенција од 20 милиони денари.
Министерот Бектеши нагласи дека Скопје и општините имаат и законска обврска да помогнат на граѓаните за поскапувањето на парното.
„Ние ги повикавме Град Скопје и општините во градот да се вклучат со креирање мерки за да излезат во пресрет на граѓаните. Град Скопје и општините треба да се вклучат со различни програми за дикретно да им помогнат на граѓаните, но и да го ублажи притосокот со ликвидноста што го имаат компаниите што снабдуваат топлинска енергија во градот“,
рече Бектеши.
Тој додаде дека централната власт ќе им помогне на Град Скопје и општините за префрлање на средства до локалните самоуправи за обезбедување природен гас за греење на јавните институции.
„Информирани сме како Влада и Министерство за економија за ситуацијата во Општина Чаир. Известена е Регулаторната комисија за енергетика дека во делот на јавните институции, преземеаме одговорност за по пазарна цена на природен гас да се снабдуваат градинките, школите, зградите на општините и слично“,
изјави Бектеши.
Тој додаде дека БЕГ нема проблеми со количините на природен гас, кои се обезбедении уште еднаш побара од општинтие и управата на Град Скопје да се донесат мерки со кои дополнително ќе им се олесни ситуацијата на граѓаните, по одлуката на РКЕ за зголемување на цената на парното.
Во Законот за енергетика се наведува дека заради сигурно, безбедно, непрекинато и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на своите подрачја, единиците на локална самоуправа овозможуваат услови за извршување на следниве енергетски дејности: производство на топлинска енергија, дистрибуција на топлинска енергија и снабдување со топлинска енергија.
Бектеши праша зошто градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Советот на Град Скопје не предвидоа ниту денар во буџетот во енергетската криза за 2022 година, бидејќи како што истакна, Владата и Министерството за економија го повикале Градот Скопје да оддели средства за ублажување на притисокот од енергетската криза врз граѓаните.
Тој посочи дека плановите за енергетската криза почнале уште во август минатата година, кога и се доставуваа кандидатурите за локалните избори.
„Секој што се кандидира за менаџирање на одредена општина, треба да ја знае ситуацијата и што ќе го очекува по стапувањето на функција“, Кандидатурите за локалните избори се доставуваа до крај на август, кога веќе се знаеше дека ќе имаме енергетска криза. Тогаш требаше да направите план за како ќе ја менаџирате кризата“,
нагласи Бектеши.
Тој додаде дека Град Скопје може да побара пренамена на наменските средства кои владата ѝ ги има исплатено на локалната самоуправа со цел справување со енергетската криза.
Според градоначалничката Арсовска, Градот како и останатите општини немаат никакви ингеренции, а се обременети со оваа ситуација.