Австралискиот вицепремиер Кристофер Тран изјави дека министерот задолжен за имиграциска политика, Алекс Хок, ќе размисли дали ќе ги искористи личните овластувања за повторно да му ја одземе визата на српскиот тенисер
Наскоро се очекува да заврши сослушувањето на аргументите на двете страни, но пресудата може да биде изречена дури во вторник
Судот во Австралија ја прифати жалбата на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ против одлуката да му се укине визата за влез во земјата.
Судијата Ентони Кели ја прочита одлуката со која се укинува одлуката за укинување на визата на Ѓоковиќ и ѝ се наложува владата да ги плати трошоците, објавија светските медиуми.
Според одлуката, Ѓоковиќ треба да биде ослободен од притвор во рок од 30 минути и да му бидат вратени пасошот и личните работи.
Со ваквата одлука се согласи и австралиската влада, која призна дека не му дала доволно време на Ѓоковиќ да подготви одговор откако го известиле за намерата да му ја одземе визата.
Австралискиот вицепремиер Кристофер Тран изјави дека министерот задолжен за имиграциска политика Алекс Хок ќе размисли дали ќе ги искористи личните овластувања за да му ја одземе визата на српскиот тенисер.
Судијата Кели истакна дека одлуката на министерот ќе значи дека Ѓоковиќ нема да може да дојде во Австралија во следните три години, но дека и на оваа одлука е можна жалба.
Ѓоковиќ дојде во Австралија на 4 јануари со надеж дека ќе може да ја одбрани титулата на „Австралија опен“, Грен слем кој досега го освои рекордни девет пати и кој започнува на 17 јануари.
Две независни комисии му дадоа медицинско ослободување од вакцинација против коронавирус, како еден од условите за можност за да учествува на турнирот.
По слетувањето во Мелбурн, тој бил приведен од граничните власти на таа земја, тврдејќи дека нема соодветна виза.
Тој беше префрлен во имиграцискиот притвор во хотел во Мелбурн, каде што беше до судската одлука по жалбата која во негово име ја поднесоа неговите адвокати на 5 јануари.
Победа на Ѓоковиќ
Српските медиуми пишуваат дека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја доби правната битка во Австралија, со тоа што Судот ја поништи одлуката на Сојузната влада на Австралија за укинување на визите и негова депортација.
„Претставниците на Ѓоковиќ ја обжалија одлуката на Владата, ја бранеа аргументирано и потврдија дека Новак има комплетна документација за медицинското ослободување, поради што судијата Ентони Кели пресуди во негова корист“,
напиша Данас.
Но признаваат дека борбата на светскиот рекет број еден со австралиските власти сè уште не е завршена, но направен е голем чекор кон настап на претстојниот ‘Австралија опен’“.
Адвокатите на Ѓоковиќ тврдеа дека 20-кратниот освојувач на грен слем титулата влегол во Австралија, со гаранција дека го има неопходното ослободување од задолжителната вакцинација, што австралиските власти го бараат од оние кои доаѓаат во земјата.
Ник Вуд, еден од правните застапници на Ѓоковиќ, изјавил пред судот дека изземањето за играчот било одобрено од два посебни медицински одбори по неодамнешната зараза со коронавирусот и дека тој им ги презентирал сите потребни медицински докази на официјалните лица.
„Тој направи апсолутно сè. Тој одговори на сите барања на Австралиската тениска федерација“,
изјави Вуд.
Се чини дека судијата Кели се согласува со аргументот на Вуд и им кажа на владините адвокати дека се чувствува „вознемирен“ од она што го слушнал досега.
„Што повеќе можеше да направи овој човек?“,
праша судијата, пренесе Данас.
Кои се аргументите на адвокатите на Ѓоковиќ?
Во претставката на адвокатскиот тим на Ѓоковиќ против притворот, се наведува дека неговата зараза со ковид е потврдена на 16 декември, иако засега во јавноста не е кажано дека Ѓоковиќ бил заразен во декември, туку само во јуни 2020 година.
Адвокатите на Ѓоковиќ го истакнаа и „очигледно неправедниот“ однос што го доби српскиот тенисер по пристигнувањето во Австралија.
Според адвокатот, тој побарал од граничните власти да почекаат до утрото за да се јават во неговиот тим пред да одлучи дали ќе ја напушти земјата.
Официјалните лица првично се согласија.
Доколку судијата Кели се согласи дека таквиот притисок бил неправеден, тогаш тоа би значело правни грешки и пропусти кои би му помогнале на Ѓоковиќ да го добие својот случај.
Владиниот функционер, адвокатот Кристофер Тран, тврди дека неодамнешната инфекција на Ѓоковиќ со ковид не го квалификувала за изземање од правилата за патување и негираше дека има неправда или неразумност во одлуката.
Наскоро се очекува да заврши сослушувањето на аргументите на двете страни, но пресудата може да биде изречена дури во вторник.
Се уште не е јасно дали Ѓоковиќ ќе може да го одбрани трофејот на првиот Грен слем во сезоната што започнува на 17 јануари.
Сојузната влада на Австралија претходно одговори на жалбата поднесена од адвокатите на Новак Ѓоковиќ со документ од 13 страници.
Австралиската влада, меѓу другото, непосредно пред Ѓоковиќ да излезе на суд, објави дека како суверена држава има право повторно да го приведе, во случај српскиот тенисер да добие дозвола за престој во земјата.