Кина драстично ги зајакна контролите и санитарните мерки поради Зимските олимписки игри кои треба да започнат на 4 февруари во Пекинг, кој се наоѓа на околу 115 километри од Тијанџин
Во кинескиот пристанишен град Тијанџин започна масовно тестирање за коронавирус, откако 20 деца и возрасни биле позитивни на тестот, од кои две лица се со сојот омикрон.
Заразени се 15 ученици на возраст од осум до 13 години, нивните наставници и родители.
Масовното тестирање ќе биде завршено за два дена. Во градот живеат над 15 милиони луѓе.
Кина драстично ги зајакна контролите и санитарните мерки поради Зимските олимписки игри кои треба да започнат на 4 февруари во Пекинг, кој се наоѓа на околу 115 километри од Тијанџин.
Милионските градови Ксиан и Јижоу се во карантин по новите случаи на заразени.