Носењето текстилна маска како заштита од ковид-19 од денеска во Романија се казнува со глоба од 505 евра. Одлуката е официјална и е објавена во Службениот весник на Романија, јави новинската агенција Агерпрес.
Според новите правила, задолжително е да се носат маски и на отворено, но само оние со висок степен на заштита FFP-2. Според лекарите, останите не делуваат против Омикрон сојот на ковид-19.
Од носење маски сe ослободени децата под 5 години, лицата кои сами работат во канцеларија и оние што се занимаваат со физичка работа.

Освен тоа романските здравствени власти донесоа одлука да го намалат и времетраењето на карантинот. Вакцинирани и лицата кои го прележале вирусот во последните 180 дена треба да се во изолација 5 дена, а останатите, наместо две недели како досега, ќе бидат во карантин четири дена помалку.