Се работи за политизирање на прашањето затоа што стотици луѓе добија разни изземања… Ако можат да дојдат други тенисери, зошто некој така се однесува кон Новак Ѓоковиќ, вели претседателот на Собранието на Србија за РТС
Се што се случува со Новак Ѓоковиќ во Австралија ќе остави последици врз односите меѓу Србија и Австралија, изјави за РТС претседателот на Собранието, Ивица Дачиќ.
Во изјава за дневникот на РТС, Ивица Дачиќ рече дека на Австралија ѝ е тешко да прифати какви било аргументи на државата Србија кога станува збор за случајот со Новак Ѓоковиќ.
„Ова не е посебен и специфичен случај, се работи за политизирање на прашањето затоа што стотици луѓе добија разни изземања а ние политичарите бевме на разни одлуки низ целиот свет, требаше да одиме во Британија, цела делегација мораше да праша за изземање но тоа беше дел од политички манифестации, па ОН го гарантираа. Ако можат да дојдат други тенисери, зошто некој така се однесува кон Новак Ѓоковиќ“,
посочува претседателот на Собранието на Србија.
Има, вели тој, политички импликации, а тоа што се случува ќе има последици врз односите меѓу државата Србија и државата Австралија.
„Нашите односи не се многу развиени затоа што сме далеку, тоа е земја која се смета себеси за исклучително посебна и специфична, тоа секогаш го кажуваат. Кога баравме укинување на визите, рекоа дека англиската кралица мора да има виза да дојде во нејзината земја. Новак не е виновен за ништо, Новак дојде по нивното одобрување. Ова однесување е срамно однесување и тоа треба да ѝ се соопшти на Австралија“,
нагласува Дачиќ.
Тој потсетува дека Новак има дипломатски пасош на Србија.
„Тој е тенисер број еден, светско име и легенда, ова е необично, срамно, дрско. Мислам дека влегоа во невиден проблем со самите себе, Новак е веќе победник, очигледно не го пуштаат да игра, ова е начин да го спречат да стане најдобар тенисер во историјата. Животот е долг, се надевам дека премиерот некогаш ќе дојде во ситуација да почувствува како е кога некој се однесува кон него онака како што се однесува кон другите“,
истакна Дачиќ.
На деветкратниот победник на Австралија Опен му беше поништена австралиската виза бидејќи не приложил доказ дека е вакциниран со две дози против ковид-19, ниту имал веродостоен документ со кој би потврдил дека од медицински причини не може да биде вакциниран.
Неговите адвокати водат постапка пред локалниот суд за поништување на оваа одлука, но доколку таа биде потврдена, Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија.
Адвокатите на српскиот тенисер во документите кои ги приложиле за добивање медицинско изземање од вакцинација за да учествува на „Австралија Опен“ навеле дека најдобриот светски тенисер во декември бил заразен со ковид, пренесува Н1.