Наредбата стапува на сила в среда и ќе ги обврзе лекарите од приватниот сектор да работат 15 дена за државата. Таа се однесува на лекари специјализирани за патологија, пулмологија и анестезиологија во четири региони во северна Грција, каде државните болници немаат доволно персонал
Во Грција денеска се потврдени 29 334 нови инфекции со коронавирус во последните 24 часа, при што 87 од нив се идентификувани на влезните точки во земјата, соопшти Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ)
Грчката влада денеска издаде наредба со која дел од лекарите од приватниот сектор се обврзани да им помогнат на државните здравствени установи за време на новиот бран на ширење на коронавирусот предизвикан од сојот омикрон.
Наредбата стапува на сила в среда и ќе ги обврзе лекарите од приватниот сектор да работат 15 дена за државата. Таа се однесува на лекари специјализирани за патологија, пулмологија и анестезиологија во четири региони во северна Грција, каде државните болници немаат доволно персонал.

Експертите сметаат дека сојот омикрон е „виновен“ за огромно зголемување на бројот на нови инфекции, осумкратно од средината на декември.
Бројот на новозаразени во Грција достигна рекордно ниво во последните десет дена и го зголеми притисокот врз јавните здравствени установи.
Во Грција денеска се потврдени 29 334 нови инфекции со коронавирус во последните 24 часа, при што 87 од нив се идентификувани на влезните точки во земјата, соопшти Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).
Во потврдените случаи во последните 7 дена, 447 заразени се поврзани со патување од странство и 1 610 со други потврдени случаи.
Во последните 24 часа се регистрирани и 78 смртни случаи, со што вкупниот број на жртви од пандемијата се искачи на 21 263. Од нив, 95,1 процент имале други болести и/или биле на возраст од 70 или повеќе години.

Вкупно 632 пациенти се на респиратори во болниците. Нивната средна возраст е 64 години и 79,6 отсто имаат други болести и/или се на возраст од 70 или повеќе години. Од вкупниот број, 538 (85,13 отсто) се невакцинирани или делумно вакцинирани, а 94 (14,87 отсто) се целосно вакцинирани.
Дополнително, 612 пациенти со ковид-19 биле примени во болница во последните 24 часа, а во просек, во болниците во последните 7 дена се примаа по 511 лица со ковид дневно.
Просечната возраст на новите инфекции е 36 години (опсег: 0,2 до 106 години), додека средната возраст на починатите е 78.