Неколку тамошни медиуми, како што пренесе РИА Новости објавиле дека на меѓународниот аеродром во Бишкек, Киргистан, „Манас“ слетале два приватни авиони, кои наводно му припаѓаат на семејството Назарбаев – еден од Македонија, а другиот од Обединетите Арапски Емирати, кои по некое време, го напуштиле аеродромот на киргистанската престолнина, но од аеродромот во Бишкек за РИА Новости изјавиле дека немаат информации за слетувањето на авион на семејството на првиот претседател на Казахстан, таму
На шестиот ден од немирите во Казахстан, претседателот Касим-Жомарт Токаев ги овласти армијата и полицијата да пукаат без предупредување, а речиси сите комуникации се исклучени, па има малку информации за тоа што се случува на улиците на Алма Ата и неколку други градови.
Во меѓувреме, воени единици на шест други членки на воената алијанса предводена од Русија слетуваат во Казахстан една по друга за да се борат заедно, како што беше објавено, против меѓународниот тероризам.

Граѓаните на Алма Ата, каде што немирите беа најжестоки претходните денови, се предупредени да не излегуваат на улица додека трае антитерористичката операција.
Граѓаните велат дека и вечерва се слушаат експлозии и пукотници, а надлежните велат дека во тек е акција за „чистење“.
Интернетот е исклучен
Во повеќето делови на Казахстан интернетот е исклучен, а она што се случува на улиците кога ќе се стемни е премногу ризично. Исклучувањето на интернет значи и неможност за онлајн плаќања. Залихите на храната во продавниците се при крај.
Во меѓувреме, на казахстанските аеродроми цел ден слетуваат воени трупи и опрема од Русија, Белорусија, Киргистан, Ерменија и Таџикистан.
Мисијата на земјите од Организацијата на Договорот за колективна безбедност се состои од 3 000 војници, од кои повеќето од Русија. Додека странските трупи слетуваат, претседателот на Казахстан рече дека во досегашните судири со полициските сили во Алмати загинале неколку стотици граѓани и припадници на армијата и полицијата.
„Затоа издадов наредба до полицијата и војската да пукаат без предупредување. Од странство има повици партиите да преговараат за мирно решение на проблемот. Какви глупости! Какви преговори со криминалци, со убијци“,
рече Касим-Жомарт Токаев.
Најавено е дека силите на Мисијата на ОДКБ нема да учествуваат во директни судири со демонстрантите. Нивната задача е да обезбедат стратешки објекти и да му помогнат на претседателот на Казахстан да се справи со немирите.
Но, претседателот Токаев се уште не презентирал доказ дека има странски фактор во деонстрациите кои ескалираа во немири.
Веста за двата авиони во Киргистан – вистина или шпекулација?
Аналитичарите, пак, забележуваат дека „таткото на нацијата“ Нурсалтан Назарбаев, кој владееше со со децении и го донесе на негово место идниот суверен владетел на Казахстан Токаев, не е виден со денови. Ниту тој, ниту членовите на неговото семејство кои останаа на важни функции по неговото заминување од претседателската функција.

Неколку тамошни медиуми, како што пренесе РИА Новости објавиле дека на меѓународниот аеродром во Бишкек, Киргистан, „Манас“ слетале два приватни авиони, кои наводно му припаѓаат на семејството Назарбаев – еден од Македонија, а другиот од Обединетите Арапски Емирати, кои по некое време, го напуштиле аеродромот на киргистанската престолнина.
Но од аеродромот во Бишкек за РИА Новости изјавиле дека немаат информации за слетувањето на авион на семејството на првиот претседател на Казахстан, Назарбаев таму.
„Немаме такви информации“,
одговориле за РИА Новости од аеродромот, на прашањето дали во авионот имало членови на семејството на Назарбаев.
Исто така, не можеле да потврдат дека авионите припаѓаат на семејството на поранешниот претседател на Казахстан.