Германската Влада претходно објави дека планира од 16 март да ја направи вакцината против коронавирус задолжителна за сите вработени во болниците, домовите за стари и немоќни лица и другите здравствени установи
Лидерите на германските провинции и влади денеска се согласија да ги заострат мерките за влез во ресторани и кафулиња, како и да го скратат периодот на самоизолација на заразените лица, додека сојот омикрон брзо се шири низ земјата.
Канцеларот Олаф Шолц и 16 провинциски премиери воведоа ограничувања по Божиќ, така што на приватните собири може да има до 10 луѓе, а граѓаните ќе треба да имаат доказ дека добиле трета доза, дека прележале или негативен тест за да влезат во кафулиња и ноќни клубови.
„Ова е строго правило, но неопходно“,
рече Шолц.
Периодот на самоизолација се скратува од 14 на 10 дена доколку лицето повеќе нема симптоми, а оние кои биле во контакт со заразените, а примиле трета доза, не мора повторно да бидат ставени во карантин.
Германската Влада претходно објави дека планира од 16 март да ја направи вакцината против коронавирус задолжителна за сите вработени во болниците, домовите за стари и немоќни лица и другите здравствени установи.
Германија досега се воздржуваше од воведување задолжителна вакцинација поради страв од недостиг на медицински персонал и негувателки. Но, поддршката за овој потег се зголеми откако земјата се соочи со зголемување на случаите на инфекција.