Симптомите може да се појават од вториот до 14-тиот ден по изложувањето на вирусот и дека секој може да има симптоми, кои варираат од благи до тешки
По предупредувањето од Светската здравствена организација дека сојот омикрон не е безопасен, пристигна предупредување и од Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кој укажува на шест опасни симптоми на омикрон за кои е потребна итна лекарска помош, објави „Дејли експрес“.
Симптомите на сојот омикрон според ЦДЦ вклучуваат: проблеми со дишењето, постојана болка или притисок во градите, конфузија, неможност да се разбудите или тешкотии да се остане буден, бледа, сива, сина кожа, уста или нокти.
Од ЦДЦ додаваат дека ова не се сите симптоми и дека пациентите пријавиле други различни симптоми.
Се поосочува и дека симптомите може да се појават од вториот до 14-тиот ден по изложувањето на вирусот и дека секој може да има симптоми, кои варираат од благи до тешки.