Омикрон е дијагностициран кај 16 пациенти од Скопје, десет од Охрид, четири од Тетово, двајца од Кавадарци и еден од Кочани
Три случаи на флурона и 33 на омикрон се детектирани во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје .
„Од изработени 56 примероци позитивни на SARS CoV2, 33 се позитивни на омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 59 отсто од позитивните примероци. Оваа варијанта е детектирана кај 16 пациенти од Скопје, десет од Охрид, четири од Тетово, двајца од Кавадарци и еден од Кочани“
информират од Министерство за здравтство.
Додека кај тројца пациенти од Скопје истовремено е детектирана комбинација од двата вируса Influenza A i SARS CoV 2.