Очигледна е големата разлика во однос на првите три дена од новата година, кога се бележеше континуиран пад на епидемијата. Поточно од 1 до 3 јануари беа регистрирани вкупно 923 случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи падна на 4 817, за само еден ден подоцна дневната бројка на новозаразени да стане четирицифрена, а активните случаи да пораснат за околу две илјади
Продолжува да расте бројот на новозаразени со ковид-19, откако вчера првпат по подолго време беа регистрирани над 1 000 случаи.
Во споредба со вчерашниот ден, бројката на новозаразени денеска е повисока за 178, односно, во последното деноноќие се регистрирани 1 375 нови случаи на ковид-19 од 7 188 тестирања. Вчера, пак, беа регистрирани 1 197 нови случаи од поголем број тестирања – 7 483.
Тоа е драстична разлика во споредба со првите три дена од новата година, кога се бележеше континуиран пад на нови случаи на ковид-19. Поточно од 1 до 3 јануари беа регистрирани вкупно 923 случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи падна на 4 817 лица, за само еден ден подоцна дневната бројка на новозаразени да стане четирицифрена, а активните случаи да пораснат за околу две илјади.
Од друга страна, денешната статистика бележи два смртни случаи наспроти 12 во текот на вчерашниот ден. Од МЗ соопштија дека како последица на ковид-19 починаа пациенти од Скопје (75г) и од Кавадарци (61г). Пријавените починале во болнички услови, објавија од Министерството за здравство, посочувајќи дека дополнително се пријавени уште два смртни случаи – од Тетово (84г) и Делчево (74г), починати на 28 декември и на 2 јануари, во домашни услови.
Во денешниот ковид билтен се регистрирани 217 оздравени пациенти што е за 114 помалку од вчера, кога имаше 331 излекувани.
Прогнозите се дека ќе продолжат да растат бројките на новозаразени, чие значително зголемување се смета за последица на новогодишните прослави, без дополнителни мерки за заштита.
Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, смета дека големиот број на новоинфицирани со ковид-19 посебно помеѓу младата популација е последица на прилично неодговорно однесување, континуирано, а посебно во периодот на предновогодишни и новогодишни прослави. Интензитетот на амбулантски прегледи, информира таа, сериозно е зголемен на Клиниката за инфективни болести и затоа апелира пациентите прво да се обратат кај своите матичните лекари за првични инструкции и третман со цел да овозможат време и простор за секој еден потежок пациент да добие соодветно внимание.
Скопје со 852, Битола со 135 и Прилеп со 70 позитивни теста се градовите со најмногу новозаразени во последното деноноќие. Следат:
- Куманово и Кавадарци – по 38,
- Охрид и Штип – по 25,
- Струмица – 21,
- Ресен – 18,
- Тетово и Гевгелија – по 14,
- Неготино – 13,
- Гостивар, Велес и Радовиш – по 10,
- Валандово – 9,
- Пробиштип, Демир Хисар и Крушево – по 8,
- Кичево и Богданци – по 7,
- Делчево и Крива Паланка – по 6,
- Кочани – 5,
- Струга, Виница, Македонски Брод и Свети Николе – по 3,
- Дебар, Кратово и Пехчево – по 2.
Со податоците од последните два дена, кога првпат по долго време се вратија четирицифрените бројки на новозаразени, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 228 540. Досега се излекувани 213 722 пациенти, а бројката на починати се заокружи на 8 000.
Бројот на активни случаи изнесува 6 818 , од кои над 2 500 се од вчера и од денеска. Исто така, повеќе од половина од активните случаи се во Скопје или близу четири илјади.
Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментот е следна:
Скопје 101 168, Активни 3 869
Куманово 13 225, Активни 138
Тетово 11 468, Активни 76
Прилеп 11 014, Активни 404
Битола 9 619, Активни 544
Гостивар 8 108, Активни 34
Велес 7 579, Активни 137
Кавадарци 7 572, Активни 241
Охрид 6 935, Активни 268
Штип 6 821, Активни 105
Струмица 6 381, Активни 162
Кичево 4 361, Активни 77
Кочани 4 138, Активни 52
Струга 3 962, Активни 40
Гевгелија 3 016, Активни 126
Неготино 2 676, Активни 60
Свети Николе 2 164, Активни 22
Крива Паланка 1 984, Активни 39
Ресен 1 934, Активни 113
Радовиш 1 844, Активни 52
Берово 1 484, Активни 8
Делчево 1 487, Активни 37
Дебар 1 461, Активни 3
Виница 1 183, Активни 5
Пробиштип 1153, Активни 13
Валандово 1 070, Активни 63
Кратово 791, Активни 3
Богданци 705, Активни 37
Демир Хисар 659, Активни 23
Крушево 618, Активни 18
Македонски Брод 552, Активни 32
Демир Капија 439, Активни 6
Македонска Каменица 430, Активни 6
Пехчево 361, Активни 2
Дојран 178, Активни 3.
Ситуацијата со ковид-19 не е подобра и во другите земји од регионот. Балканот, според последните податоци податоците, урива рекорди по бројот на новоинфицирани. Хрватска денеска забележа 8 587 случаи за 24 часа, а Словенија над 4 000. Во БиХ во последното деноноќие се регистрирани 1 556 нови случаи.