Можноста за мобилно издавање пасоши досега МНР ја воведе во неколку дипломатски претставништва на земјава низ светот. Меѓу нив и во Генералниот конзулат во Њу Џерси (САД), како и во конзуларното одделение во Бон (Германија) и нашите амбасади во Лондон (Велика Британија) и Берлин (Германија)
И државјаните на Северна Македонија кои живеат во Чикаго, САД, може по скратена постапка да извадат патна исправа преку тамошниот генерален конзулат на државата. Оттаму велат дека мобилното издавање пасоши тече непречено, а се земени податоци од околу 160 наши граѓаните.
Од нив, 60 веќе ги добиле своите пасоши.
Ова, според генералниот конзул во Чикаго, Петрит Муслиу, претставува позитивно изненадување за тамошната дијаспора со оглед дека сега патни исправи може да се вадат побргу.
„Конзулатот во Чикаго опфаќа 22 федерални единици во САД, што укажува на многубројната дијаспора што живее на оваа територија. Со новата опрема што ја имаме, пасошите ќе се подготвуваат многу побрзо отколку во минатото и заинтересираните страни ќе бидат позадоволни од оваа услуга“,
изјави Муслиу.
За ефикасноста на целиот процес, во видео кое го објави Министерството за надворешни работи, зборуваат и дел од нашите граѓаните.
„Само што дојдов да го обновам пасошот кој ми е истечен. Целиот процес беше многу добар и завршив работа во рок од 30 минути, искуството беше многу пријатно и ја ценам нивната помош.“
„Постапката беше брза, за помалку од половина час, а за четири недели ќе имам нов пасош.”
„Бев тука на време, веднаш ме примија и завршив работа за половина час, така што секој треба да дојде во конзулатот во Чикаго“,
велат дел од граѓаните.
Можноста за мобилно издавање пасоши досега МНР ја воведе во неколку дипломатски претставништва на земјава низ светот. Меѓу нив и во Генералниот конзулат во Њу Џерси (САД), како и во конзуларното одделение во Бон (Германија) и нашите амбасади во Лондон (Велика Британија) и Берлин (Германија).