Автобусот бил во добра состојба и возачот не возел брзо, но патниците не знаеле дека нема лиценца

Српскиот државјанин, Лулзим Сулејмани, кој е еден од седумте преживеани патници во големата сообраќајка во Бугарија, која се случ автобус на „Беса Транс“ во разговор за ТВ21 раскажува детали за големата трагедија.
„Имаше двајца возачи, возеа со 100 километри на час, сѐ беше во ред. Така е напишано од Бог. Јас да бидам тој кој ќе спаси уште луѓе после мене. Му благодарам на Бог што ми даде втор живот“,
вели Сулејмани.
Токму Сулејмани успеа да ги извлече малкумината спасени патници од големиот пожар кој настана во автобусот. Тој вели дека понудата на Беса Транс била примамлива, па така се одлучил да резервира патување за него и неговата свршеница.
„Екскурзијата беше многу добра. Имавме и водич, кој нѐ водеше секаде. Беше прекрасно. И возачите беа добри, беа двајца и патот беше многу добар. Во двата правци имавме паузи. Во автобусот беа добри, ни даваа кафе, пијалаци, имавме паузи,“
раскажува Сулејмани.
Автобусот бил во добра состојба и возачот не возел брзо, но патниците не знаеле дека нема лиценца.
– Патот не беше тежок. Не возеше брзо. Нормално, како што вози автобус, со 100 киометри на час. И автобусот беше добар, а за лиценцата не знам“,
додава Сулејмани.
Тој сѐ уште е во шок. па поради тоа еднаш неделно посетува психијатар во болницата во Врање. Уште при влегувањето во автобусот успеал да забележи каде стои чеканчето за кршење на прозорите во случај на несреќа.
„Јас бев буден, но пред тоа, кога шетавме низ Турција, забележав каде стои чеканчето. И потоа кога се случи катастрофата, фала му на Бог што паметот ми беше во глава, стигнав до чеканчето, го скршив стаклото и излегов јас и после мене уште шест луѓе“,
објасни Сулејмани.