Премиерот Оливер Спасовски денеска во Брисел имаше средба со претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен, на која како што соопшти владината прес служба Фон дер Лајен го поздравила донесувањето на Законот за ЈО и другите реформски закони пред одржувањето на предвремените парламентарни избори.
„Усвојувањето на овие, како и на сите претходни реформски закони што ги донесоа Владата и Собранието на Северна Македонија, се импресивни во остварувањето на реформите и ги исполнуваат високите очекувања што ги постави Европската Комисија“,
пренесе владината прес служба од средбата која е одржана во рамки на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“, што ја организира Европската Комисија.
На средбата станало збор за извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјата на почетокот на март 2020 година, и дека се очекува со овој извештај и со новата методологија да се направи чекор напред во прогресот на интеграцијата на Северна Македонија.
Спасовски нагласил дека Владата, Собранието и граѓаните направија се што требаше за краток период и дека сега очекуваат, во скоро време, ЕУ да ги донесе вистинските одлуки за почеток на преговорите според новата методологија.