Европската агенција за лекови соопшти дека се потребни повеќе детали за да се види дали сојот, кој има бројни мутации, може да ги избегне четирите вакцини моментално одобрени во ЕУ
Британскиот биолог Џејмс Нејсмит смета дека вакцините против ковид-19 сигурно ќе бидат помалку ефикасни против новата варијанта на коронавирус што се појави во Јужна Африка
Европската агенција за лекови соопшти дека е прерано да се зборува за приспособување на антиковид вакцините на новиот вид на ковид-19, омикрон, забележан во Јужна Африка, поради што неколку земји во светот веќе го прекинаа или ограничија воздушниот сообраќај од овој континент.
ЕМА соопшти дека се потребни повеќе детали за да се види дали сојот, кој има бројни мутации, може да ги избегне четирите вакцини моментално одобрени во ЕУ.
„Внимателно го набљудуваме сојот Б.1.21.529, кој неодамна се појави и кој има бројни мутации во протеинот“,
велат од ЕМА од Амстердам.
Новиот вид на вирусот откриен во Јужна Африка е потенцијално многу заразен, според јужноафриканските научници, и тие сметаат дека може да предизвика нов бран на пандемијата.
Европската агенција наведе дека сега е рано да се предвидува адаптација на вакцините за да се бори против тој нов вид, но доколку се покаже дека новиот вид ја пробива нивната заштита и брзо се шири, би имало смисла да се стори тоа.
Белгија вчера стана првата европска земја во која е регистриран еден случај со тој вид на вирус.
Денеска од 600 патници кои во Холандија пристигнале од Јужна Африка, 61 се позитивни на коронавирус и се испитува дали се работи за новиот сој.
Европската комисија им препорача на земјите-членки да ги прекинат летовите од земјите во јужна Африка и другите земји погодени од појавата на нов вид на вирусот.
ЕМА досега одобри четири вакцини за возрасни во ЕУ – „Фајзер/Бионтек“, „Мдерна“ кои користат информатичка технологија на РНК и „Астра Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“, кои користат технологија на аденовирус.
„Бионтек“ најави дека очекува да добие податоци за тоа колкава заштита дава нивната вакцина против новиот вид „за најмногу две недели“.
Британскиот биолог Џејмс Нејсмит смета дека вакцините против ковид-19 сигурно ќе бидат помалку ефикасни против новата варијанта на коронавирус што се појави во Јужна Африка.