ТВ Алсат јавува дека двајцата преживеани од трагедијата од 23 ноември, пристигнаа во Скопје. Хоспитализирани се на Ургентниот центар и ќе се третираат на Клиниката за пластична хирургија.
„Тука сум за мојата внука, која има 16 години, има пластична операција на десната рака. Изгореници има на левата рака, и на челото“, изјави Реџаил Камбери, член на семејството.
изјави Реџаил Камбери, член на семејството, пренесува ТВ Алсат.
Претходно, Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека следната недела се очекува да пристигнат и другите преживеани.