Движењето Беса уште еднаш ја изразува својата загриженост дека со употребените методи на ДУИ, како дел од власта, и премолчено одобрени од СДСМ се нарушени слободата и демократијата во државата, се посочува во соопштение од седница на Централното претседателство на партијата, која вчера излезе од Владата
Движењето Беса уште еднаш ја реафирмира својата ориентација кон евроинтеграциските процеси, сметајќи дека членството во ЕУ е единствената опција за иднината на Северна Македонија. Членството во НАТО ја гарантира безбедноста на државата, а партнерство со САД и ЕУ ја обезбедува прозападната иднина на Северна Македонија. Беса ќе го продолжи политичкиот пат за правда и демократија, како и борбата против апсолутната власт на ДУИ и во таа насока ќе соработуваме со сите политички субјекти кои делат исти вредности и цели.
Ова се дел од заклучоците од денешната седница на Централното претседателство на Беса, каде што, како што се соопштува, е потврден политичкиот став на движењето. На последните локални избори, како што се наведува, се исполнети зацртаните насоки, како што е победата во општина Тетово и во општина Желино.
Од Беса апелират до актуелната власт да престане со притисок врз на пратеници на ова партија.
,,Движењето Беса уште еднаш ја изразува својата загриженост дека со употребените методи на ДУИ, како дел од власта и премолчено одобрени од СДСМ, се нарушени слободата и демократијата во државата.Исто така, апелираме до актуелната власт на СДСМ-ДУИ итно да престане со притисокот од сите форми што го вршат врз пратениците на Беса“,
се вели во соопштението на партијата.
Оттаму велат дека за ова прашање ја информирале и меѓународната заедница. Дејствијата за нарушување на професионалниот интегритет на пратениците, како што се наведува, и притисокот што се врши врз нив е уште еден доказ дека демократијата и слободното политичко дејствување во Северна Македонија се во опасност.