На гласањето во првиот круг, на 17 октомври, излезеност беше околу 43 отсто од околу 1,9 милиони граѓани со право на глас
Во Косово утре се одржува втпр круг локални избори, пред кој имаше кампања само една седмица.
Во овој круг, избори за градоначалник се одржуваат во 21 општина:Приштина, Призрен, Гњилане, Ѓаковица, Подујева, Дренас, Качаник, Истог, Драгаш, Фуше Косово, Обилиќ, Клина, Каменица, Раховец, Јуник, Витина, Малишева, Штиме, Клокот и Мамуша. Во сите овие општини, во првиот круг на 17 октомври, ниту еден кандидат не доби повеќе од 50 проценти од гласовите за да биде прогласен за победник.
Според Законот за локални избори и применетиот изборен систем, функцијата градоначалник во првиот круг ја обезбедува кандидатот кој ќе добие 50 отсто плус еден глас, додека доколку тоа не се постигн, тогаш вториот круг се организира меѓу двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови.
Вториот круг од изборите го следат и набљудувачи на Европската Унија. Оваа мисија првиот круг од локалните избори на 17 октомври го оцени како добро организиран и без многу проблеми.
На гласањето на 17 октомври, излезеност беше околу 43 отсто од вкупно 1,9 милиони граѓани со право на глас. Централна изборна комисија соопшти дека над 776.000 граѓани гласале за избор на нови градоначалници и општински собранија во 38 косовски општини. Во 17 општини веќе има избрани градоначалници, иако изборните резултати се уште не се заверени.
Движењето Самопределување на премиерот на Косово, Албин Курти, не успеа да победи во првиот круг од изборите во ниту една општина, а оваа недела, на 14 ноември, во трка е во 12 општини.