Ние сме во многу апсурдна ситуација, во моментов Албанија е колатерална штета на конфликтна ситуација меѓу Скопје и Софија, вели албанскиот премиер во интервјуто за француската национална телевизија
Шефот на албанската влада во интервју за француската национална телевизија Франс 24 вели дека Бугарија почнала да поставува барања веднаш штом се вклучило зеленото светло за Албанија и за Северна Македонија.

„Да, ние сме во многу апсурдна ситуација, да ви кажам право, затоа што во моментов Албанија е колатерална штета на конфликтна ситуација меѓу Бугарија и Северна Македонија, откако доби зелено светло не само од Комисијата, туку и од Европскиот совет. Бугарија извади од џеб барања од историски и идентитетски карактер кон Северна Македонија и процесот останува блокиран, бидејќи како што знаете, Европскиот совет лесно се блокира само со вето на една негова членка“
вели Рама.
Во интервјуто за националната француска телевизија Франс24, албанскиот премиер зборуваше и за „Отворен Балкан“, за што вели дека вратата е отворена за сите балкански земји, без предуслови, но идејата е, вели, да не останеме жртва на нечие вето, туку да направиме нешто важно за луѓето, за регионот. Според Рама, тоа е тежок процес, бидејќи во исто време тоа е мировен процес.