Казнено-поправниот дом, лоциран во јужниот град Гвајакил, е истиот во кој на крајот на септември беа убиени 119 затвореници
Најмалку 58 затвореници се убиени, а десетина се повредени во насилствата во текот на ноќта во затвор во еквадорскиот град Гвајакил, соопштија денеска властите.

Казнено-поправниот дом, лоциран во јужниот град Гвајакил, е истиот во кој на крајот на септември беа убиени 119 затвореници во најлошиот инцидент во затворот досега, Тогаш претседателот прогласи 60-дневна вонредна состојба во затворскиот систем.
Владата како причина за синоќешните насилства ги наведе недоразбирањата меѓу нарко-бандите за контрола на затворите.