На осомничениот му е одреден притвор, како што информира полицијата
Полицијата поднесе кривична пријава против дваесет и осумгодишен скопјанец поради сомнение дека ја убил својата баба во нејзиниот стан.
Од МВР соопштија дека Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
„Тој се сомничи дека во периодот од 5 до 11 ноември 2021 извршил кривично дело убиство на неговата баба В.Б. (75) во нејзиниот стан на улица „Никола Малешевски“. Судија на претходна постапка на пријавениот му одредил мерка притвор“,
појаснуваат од МВР.