Околу две третини од 83 милиони Германци се вакцинирани, а околу 16,2 милиони луѓе сè уште не примиле ниту една доза
Германија регистрира уште 48 640 заразени со коронавирус, објави Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.
Во извештајот се наведува дека починале уште 191 лице како последица на ковид-19.
Вкупниот број потврдени случаи на инфекција во Германија сега е 4 942 890, а починале 97 389 лица.
Околу две третини од 83 милиони Германци се вакцинирани, а околу 16,2 милиони луѓе сè уште не примиле ниту една доза.