При евакуацијата на наводно болниот патник, околу 20 лица ја искористиле можноста да избегаат од авионот и почнале да трчаат по пистата на аеродромот
На патникот на кој му се слошило е префрлен во болница каде лекарите по прегледот констатирале дека е целосно здрав
Аеродромот во Палма де Мајорка, еден од најпрометните во Шпанија на Балеарскиот архипелаг, во петокот бил затворен речиси четири часа, бидејќи неколку патници од авионот што принудно слетал се обиделе да побегнат.
Авионот кој летал на релација Казабланка-Истанбул принудно слетал во Палма де Мајорка, откако еден патник се пожалил дека не се чувствува добро, соопшти Цивилната гарда.
При евакуацијата на наводно болниот патник, околу 20 лица ја искористиле можноста да избегаат од авионот и почнале да трчаат по пистата на аеродромот. Две лица се уапсени.

Шпанскиот весник Паис (Ел Паис) објави дека истражителите веруваат дека најверојатно се работи за измама со цел некои патници илегално да влезат во земјата.
На патникот на кој му се слошило е префрлен во болница каде лекарите по прегледот констатирале дека е целосно здрав. Патникот потоа бил уапсен од полицијата.
Уште еден патник кој отишол со наводно болниот патник во болница успеал да побегне.

Поради ситуацијата, 13 авиони кои чекале да слетаат на аеродромот во Палма де Мајорка, биле пренасочени на други аеродроми. Аеродромот повторно е отворен околу полноќ.
