Највисок степен на имунизација во Австрија има кај студентите на Медицинскиот универзитет, каде што стапката вакцинација е 90 проценти
На почетокот на новата академска година, според Заводот за статистика на Австрија, 82 отсто од студентите биле целосно имунизирани против коронавирус.
Тоа е зголемување во однос на податоците од крајот на август, кога биле вакцинирани 79 отсто. Така, стапката на вакцинација на студентите во Австрија е значително над просекот на населението.
Стапката на вакцинација е особено висока кај докторандите, каде што изнесува 87 проценти, а на Медицинскиот универзитет стапката вакцинација е 90 проценти.
Министерот за наука Хајнц Фасман изрази задоволство од високата стапка на вакцинација кај студентите.
„Овие бројки овозможуваат враќање на наставата“,
рече тој.