Децениската кампања на УНХЦР, #ЈасПрипаѓам, бара од државите да стават крај на состојбате на лица без државјанство до 2024 година
Повеќе дела се потребни за да се решат проблемите на милионите лица во светот кои сè уште се без државјанство, апелира денеска агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), по повод одбележувањето на седумгодишнината од почетокот на кампањата #ЈасПрипаѓам, за ставање крај на овој проблем.
Високиот комесар за бегалци Филипо Гранди вели дека значителен напредок е постигнат последниве неколку години, но владите мораат да сторат повеќе за да ги затворат правните и процедуралните празнини кои продолжуваат да оставаат милиони луѓе без државјанство или да дозволуваат деца да се раѓаат без државјанство.
Според УНХЦР, состојбата без државјанството, или состојбата во која не си признаен како државјанин на ниедна држава, влијае на милиони лица низ светот.
Како што посочуваат, лицата без државјанство често не можат да пристапат до најосновните права, вклучувајќи ја и можноста да одат на училиште, легално да работат, да пристапат до здравствени услуги, да стапат во брак или да го запишат раѓањето на своето дете.
„Откако УНХЦР ја започна својата кампања #ЈасПрипаѓам во 2014г. за да привлече внимание и да крене глас за искоренување на состојбата без државјанството во светот, повеќе од 400.000 лица што се без државјанство во 27 држави имаат добиено државјанство, додека десетици илјади лица во Азија, Европа, Африка и Америките сега се на патот кон државјанство како резултат на новоусвоените законски измени“,
се наведува во соопштението на УНХЦР.
За време на последните седум години, 29 држави пристапија на Конвенциите за без државјанство, со што испратија сигнал за политичка волја за негово искоренување.
„Нè охрабрува глобалниот залет за решавање на лицата без државјанството, кое можеме да го искорениме со усогласени напори на Државите. Но,без да забрза напредокот, милионите лица кои остануваат лишени од државјанство ќе бидат заглавени во безизлез и нема да можат да пристапат на најосновните човекови права“,
смета Гранди.
Според УНХЦР, состојбата без државјанството има многу причини кои типично се резултат на празнини или маани во законите за државјанство и начинот на кој тие се спроведуваат. Дискриминацијата – вклучувајќи врз основа на етникум, религија и род – е главен фактор за состојбата без државјанството.
„Бидејќи не се препознаени како граѓани, лицата без државјанство често се лишени од законски права или основни услуги. Ова ги прави политички и економски маргинализирани и ранливи од дискриминација, експлоатација и злоупотреби. Тие исто така е можно да немаат пристап до тестирање, третман или вакцинација против КОВИД-19, а може да имаат и ограничен пристап до поддршка или заштита од климатските ризици“,
соопштија од УНХЦР.
Притоа, посочуваат дека владите ја имаат моќта да усвојуваат правни реформи и реформи на политиките кои можат да им помогнат на лицата без државјанство на својата територија да добијат државјанство или да спречат оваа состојба воопшто да се случи, понекогаш со еден потег на пенкалото или со релативно проста законска измена. Тоа останува прашање кое лесно се избегнува и решава.
Децениската кампања на УНХЦР, #ЈасПрипаѓам, бара од државите да стават крај на состојбите на лица без бездржавјанството до 2024 година.