Основното јавно обвинителство информира дека постапува по дојава за изборен поткуп во Македонска Каменица.
„Основното јавно обвинителство Делчево постапува по примено известување дека на 29.10.2021, во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, кандитат за советник дал 1000 денари на лице со избирачко право за да гласа за определена политичка партија“,
се вели во соопштението.
Јавен обвинител даде насоки и се преземаат дејствија за прибирање докази, додаваат од обвинителството.