Како што оценува шефот на дипломатијата, Европската комисија констатира сериозен напредок во преговорите со Бугарија, и во односот што С Македонија го има по ова прашање
Европската комисија, со годинешниот Извештај, но и со нејзината стратешка комуникација во однос на пакетот за проширување испраќа силен и јасен сигнал дека кредибилната политика на проширувањето останува да биде клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економски развој во цела Европа. Во согласност со позитивните оценки од страна на ЕК за земјата по однос на сите параметри доаѓа и недвосмислениот повик кон земјите членки, без натамошно одложување да се завршат дискусиите за одржување на првата mеѓувладина конференција, која треба да се одржи што е можно поскоро за време на Словенечкото претседателство со ЕУ.
Ова, како што оценува шефот на дипломатијата Бујар Османи в се дел од седумте клучни надворешно-политички поенти кои произлегуваат од Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2021 година, презентиран вчера во ЕП во Стразбур.
Тој додава дека Извештајот нотира оти Северна Македонија продолжи да ги исполнува критериумите за отварање на преговорите и оваа Влада јавно ја демонстрираше цврстата волја за напредување во ЕУ – патеката.
Европската комисија констатира, нагласува тој, и сериозен напредок во преговорите со Бугарија, и односот што Северна Македонија го има по ова прашање.
Комисијата како значајни чекори ги смета, додава шефот на дипломатијата, и неговата прва посета на Софија, како министер, потоа посетите и на премиерот, средбата на претседателите, одржаните состаноци на историската Комисија итн. Низ коментарите на Европската комисија се валоризирани нашите напори и тоа е важно, затоа што ни дава отоврена врата да ја бараме поддршката од нашите пријатели и понатаму.
Надминувањето на разликите меѓу Бугарија и Северна Македонија стануваат приоритет и за Комисијата што покажува, вели Османи, дека Унијата нема да ги остави овие прашања сами на себе.