Претседателот на Централната изборна комисија соопшти дека правото на глас го искористиле 802 123 од 1 885 448 запишани избирачи
Близу 43 отсто е одзивот на гласачите на денешните локални избори во Косово.
Според најновите податоци на Централна изборна комисија (ЦИК) гласале 42, 85 проценти од граѓаните со право на глас, а најголема излезеност е регистрирана во српските средини.

Претседателот на Централната изборна комисија, Кресник Радоњичи, изјави дека правото на глас го искористиле 802 123 од 1 885 448 запишани избирачи.
Тој оцени дека гласачкиот процес поминал мирно и без нерегуларности. Гласачките места во 38 општини на Косово беа затворени во 19 часот.
На изборите учествуваат 32 политички партии, 33 граѓански иницијативи, една предизборна коалиција и 23 независни кандидати.
За градоначалници на 38 општини се натпреваруваа 166 кандидати, а за општински советници се кандидираа 5 198.